Корисниците на апликацијата превземаат целосна одговорност за точноста на своите лични податоци. Наумоски ФИТ не одговара при настаната штета по здравјето на клиентите доколку клиентот не бил транспарентен во однос на точноста на податоците кои се потребни за изготвување на персонализиран план за исхрана и/или тренинг.
Уплатата на чланарината на www.naumoski.fit може да се изврши по електронски пат со плаќање на виртуелниот пост терминал со кредитна/дебитна картчика(Visa, MasterCard, Diners) или со уплата на жиро-сметката на Наумоски ФИТ ДООЕЛ со претходно изготвена фактура.
Наумоски ФИТ е должен да ви ја изготви потребната програма во период од 72 часа од моментот кога вие ќе извршите уплата и ги комплетирате податоците на вашиот профил. Во спротивно Наумоски ФИТ е должен да ви го продолжи времетраењето на чланарината за толку време за колку ќе биде закаснато со изготвувањето на вашата програма. Доколку клиентот не ги пополни потребните информации во неговиот профил за изготвување на избраниот план за исхрана и/или тренинг во наредните 10 дена од моментот на уплата, Наумоски ФИТ не е должен да ви креира план за исхрана/тренинг и профилот ќе биде избришан од базата на податоци.
Плановите за тренинг и исхрана изготвени од Наумоски ФИТ се во времетраење од 30 дена. По истекот на 30 дена потребна е повторна уплата за да се продолжи пристапот до апликацијата. Доколку уплатата не е извршена во наредните 5 работни дена по истекот на чланарината, профилите трајно се бришат од базата на податоци на Наумоски ФИТ.
Клиентите се должни да ги прочитаaт “правата на користење” и “најчесто поставувани прашања” пред да бараат објаснување на Live Chat. По уплатата на клиентите им се дозволени по максимум 2 сесии од по 15 минути неделно за консултации во живо со Бобан Наумоски при претходно договорен термин и платформа каде ќе се оствари контактот(Skype, Viber, Whats Up, регуларен аудио повик).
Клиентите се должни за редовно ажурирање на личните мерки и додавање на слики за споредба на Наумоски ФИТ како вашиот тренер би имал доволно информации за да може да го следи вашиот напредок и да интервенира кога има потреба од тоа. До сликите пристап има само вашиот тренер и истите не смеат да се користат за никакви цели се додека не се добие ваша писмена согласност.
Рецептите и тренинзите се за индивидуална употреба. Секој вид на злоупотреба и/или ширење на податоците од програмите на www.naumoski.fit ќе бидат предмет на кривично гонење за кое надлежен е Основниот Суд Охрид.
Апликацијата и изготвувањето на програмите за тренинг и исхрана се наменети за сите здрави лица. Доколку имате некое хронично заболување консултирајте се со вашиот лекар пред да уплатите за нашите услуги бидејќи Наумоски ФИТ не одговара за штетата настаната по здравјето на клиентите со претходни коморбидитети.
Наумоски ФИТ се оградува од секоја штета направена по здравјето на клиентите доколку истите користат недозволени наркотични средства и/или стероиди вклучувајќи и стимуланси(голема доза на кофеин, топачи на масти, Pre-workout суплементи и сл.) кои можат негативно да влијаат по здравјето на корисникот.